ПОВЕЌЕ

    Фолксваген Тратон го купи американскиот Навистар за 3,7 милијарди долари

    Време зa читање: 2 минути

    Фолксваген Тратон го презема американскиот производител на камиони Navistar International Corp за 3,7 милијарди долари.

    Финализирањето на зделката се случува откако Тратон се согласи на 16 октомври да ја зголеми понудата за Навистар од 43 на 44,50 УСД по акција.

    Договорот што го носи Навистар заедно со брендовите на камиони МАН, Сканија и Фолксваген е во согласност со трендовите во индустријата за камиони, кои бараат начини да ги споделат трошоците за развој на технологија со ниски емисии, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Seebiz.

    Големите акционери на Тратон веќе имаат 16,7% удел во Навистар, а за зголемената цена на понудата, би платиле околу 3,7 милијарди долари за акциите на Навистар што сè уште не ги поседува, проценувајќи го деловниот бизнис во целина на околу 4,4 милијарди долари.

    Главните акционери на Навистар, вклучувајќи ги Icahn Capital LP и MHR Fund Management LLC, се согласија да гласаат за зделката, се вели во посебна изјава на американскиот производител на камиони.

    Групата Фолксваген ќе му даде на Тратон заем од 3,3 милијарди евра за финансирање на зделката.

    Заемот ќе се отплаќа во текот на следните 12 до 18 месеци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично