ПОВЕЌЕ

    Во текот на следната година, помладите генерации може да инвестираат дури 1 трилион долари во биткоин

    Време зa читање: 2 минути

    Мајкл Новограц, долгогодишен поборник на биткоин и основач на Галакси Дигитал, минатата недела зборуваше за идните изгледи на биткоинот во интервју за Ројтерс. Тој објасни дека како што крипто-валутите стануваат се повеќе мејнстрим, богатите генерации целосно ќе се впуштат во крипто-валути, образложувајќи:

    Сумата која може да се инвестира, може да достигне еден трилион долари во текот на следната година.

    По објавата на Морган Стенли да им понуди пристап до фондовите на биткоин на своите богати клиенти, Новограц предвиде дека и другите големи банки и платформи за тргување ќе го следат примерот. Ова, најверојатно, ќе предизвика брзање кај богатите генерации, изјави тој.

    Со новата понуда, Морган Стенли ќе стане првата голема американска банка што нуди инвестиции во биткоин на клиенти за управување со богатство. Два од трите фондови на биткоин кои првично ќе бидат понудени се од Галакси Дигитал: Фондот Galaxy Bitcoin LP и Galaxy Institutional Bitcoin Fund LP. Коментирајќи го потегот на најголемата инвестициска банка, Новограц рече:

    Парите ќе започнат да доаѓаат на почетокот на следниот месец.

    Извршниот директор на Галакси Дигитал не е единствениот кој очекува поплава од инвестиции. Неодамна, JMP Securities предвиде дека околу 1,5 трилиони долари може да се влеат во биткоин од богати клиенти на инвестициски банки. Фирмата ја заснова својата проекција на скромна алокација на портфолио, повикувајќи се на тоа дека „Околу 30 трилиони долари средства во индустријата за управување со богатство во САД во моментов немаат директен пристап до биткоин“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично