ПОВЕЌЕ

    Во сопственост на Оливера Панева уште 80 акции на „Алкалоид“

    Време зa читање: 2 минути

    Оливера Панева, која е дел од Управниот одбор на „Алкалоид“, во своја сопственост има 80 нови акции издадени од најголемата и најуспешна македонска фармацевтска компанија.

    Кусата информација за настанатата промена е објавена на Македонска берза:

    „Известуваме дека членот на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, Оливера Панева, се стекна со 80 обични акции издадени од АЛКАЛОИД АД Скопје“.

    Панева во „Алкалоид“ е одговорна за обезбедување квалитет и за интегрираниот менаџмент-систем. За член на УО беше избрана во април минатата година. Претходниот месец нејзиното име го имаше во објавите со кои инвеститорската јавност беше информирана дека членовите од Управниот одбор купиле акции од компанијата што ја раководат. Петмината директори, вклучувајќи го и генералниот Живко Мукаетов, инвестираа во вкупно 800 акции. Тогаш Панева се стекнала со 50 акции.

    Акцијата на „Алкалоид“ е меѓу најбараните на Берзата. Цената и е во постојан пораст. Минатата година ја заврши со просечни 17.781,93 денари за акција. На денешната, пак, дневна официјална листа е забележана просечна цена од 20,597.22 денари.

    Акциите издадени од оваа фармацевтска куќа се во сопственост на 5.487 акционери.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично