Нетрговските трансфери минатата недела се заокружија со 4.653 подарени или наследени акции. Издадени се од десет компании, а најголемиот дел од преносите на сопственоста се случиле во текот на првиот работен ден, со опфатени 3.634 обични акции.
Најбројни во оваа активност се хартиите од вредност на „Гранит“, односно трансферирани се 1.195 акции. Нешто помалку – 910, се акциите на „Макстил“ АД Скопје.
Според податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, објавени на Македонска берза, понеделнички нов сопственик добиле и 506 обични акции издадени од „Македонски телеком“, 461 од прилепскиот Мермерен комбинат, 198 од скопски „Жито Лукс“.
Забаележани се и акциите на РЖ „Интер-Трансшпед“ – 41, на РЖ „Техничка контрола“ – 16, како и 43 обични акции на „Уготур“ АД Скопје.
На двапати во текот на седмицата е извршен нетрговски трансфер на акциите од „Алкалоид“ АД Скопје. Во понеделник 264 и уште 310 во четврток. Во средата, пак, статистиката на Централниот депозитар го забележала само преносот на 709 обични акции од „Македонијатурист“.