ПОВЕЌЕ

    Во нетрговските трансфери најбројни акциите на „Гранит“

    Време зa читање: 2 минути

    Во четирите минатонеделни работни денови преку нетрговските трансфери како подарок се дадени 1.253 акции. Го носат знакот на шест друштва што котираат на Македонската берза. Најголемиот дел од нив, 862, се издадени од градежникот „Гранит“.

    Овие акции се трансферирани на двапати. Во средата се регистрирани 577, а во петокот 285 обични акции. Последната просечна цена за акција на „Гранит“ е 1.800 денари.

    Во два наврати се процесуирани и осумте акции на „Макпетрол“. Три во вторник и пет во среда. Според последната официјална берзанска листа (петок), оваа акција бележи дневен раст од 1,55 проценти и има просечна вредност од 104.599,12 денари.

    Статистиката на Централниот депозитар за хартии од вредност го евидентирала и нетрговскиот пренос на акциите издадени од скопски Жито Лукс, 279 на број. Тргувањата со нив не се чести, во изминатите 52 недели имало четири трансакции, последната била на крајот од февруари, а имаат просечна цена од 103 денари.

    Минатата седмица во нетрговските трансфери се регистрирани и 65 обични акции на „Окта“, 38 на Раде Кончар – Апаратна техника и една на „Алкалоид“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично