На островот Хвар утринава се случи сериозен еколошки инцидент, во кој, според првичните информации се излеале 17 тони нафта во море. Имено, во текот на ноќта дошло до пукање на резервоарот на бензинската пумпа на ИНА, а нафтата се истурила низ земјата во морето. Нафтата се излеала на потегот од Хвар па сè до Паклењак, а смрдеата од Крижна Лука, од каде што се излеа во морето, се чувствува низ целиот град. Санацијата е започната, се прави обид некако да се запре понатамошното ширење на нафтата.
Наутичкиот центар Хвар инсталираше привремена заштитна брана. Во моментов нема видливо истекување на нафта во морето, но нафтената дамка што ја носат струите веќе се проширила надвор од пристаништето Крижна.
Сплитско-далмацискиот полициски оддел извести за еколошкиот инцидент. Сите служби се на терен, полицијата, пожарникарите, пристанишните власти, а нафтата наводно се истурила од резервоарот на Ина, односно цевката, и се шири наоколу. Се шпекулира дека 17 тони нафта завршиле во морето, а сè започнало од непосредната близина на бензинската пумпа на ИНА во Крижна Лука, каде што многу чамци полнат гориво.
„По добиената пријава дека има загадување со нафта во заливот Крижна Лука, вработените во ПП Хвар и станицата на поморската полиција, пожарникарите на ДВД Хвар, вработените во Капетанија, Наутичкиот центар Хвар и ХГСС се на терен, пристигна противпожарен брод од Каштел Суќурац, а во овој момент се очекува и пристигнувањето на бродот на специјализираната компанија Циан од Сплит, која ќе инсталира апсорпциони бариери за нафта и нафтени деривати.“
Градоначалникот на градот Хвар, Рикардо Новак им се заблагодари на сите служби што што побрзо излегоа на терен и прават сè што е во нивна моќ за да го спречат понатамошното загадување. „Можеме само да ги почувствуваме последиците од оваа несреќа, но веќе можеме да видиме со очи дека тие ќе бидат значителни. Во овој момент, најважно за нас е да направиме сè што можеме за да го санираме морето и крајбрежјето и да го заштитиме здравјето на граѓаните.“
„Полициската станица Хвар ќе спроведе истрага и ќе ги утврди сите факти и околности на настанот.“
Полицијата го опколи подрачјето околу бензинската пумпа на компанијата ИНА и неовластени лица повеќе не можат да пристапат до пумпата.
„Со децении велат дека ќе ја преместат таа пумпа ИНА, но ништо не се случи. Не требаше да се прави тука -коментираа очевидци, жители на Хвар.
Хрватските медиуми известуваат дека целиот залив Крижна Лука плива во масло, и дека од морето се шири непријатна миризба. Има непотврдени извештаи дека нафтата се уште устекува во морето, како и дека морските струења нафтената дамка веќе ја однесле и до блиските Паклени острови, кои се наоѓаат крај брегот на Хвар.
(Фото: Фејсбук страница на Општина Хвар)