Во две блок трансакции се купени вкупно 585 обични акции на Комерцијална банка, со очигледна разлика во цената. Нивната заедничка вредност е над 203 илјади евра.
По единечната цена од 19.200 денари е пресметан пакетот од 315 акции. За нив е платен износ од 6.048.000 денари или 98,3 илјади евра.
Според официјалната дневна берзанска листа со датум 10 октомври, вториот блок чинел 6.453.000 денари, што е еквивалентно на 105 илјади евра. Цената за акција е 23.900 денари, а се работи за 270 акции.
За првата блок трансакција, која на познат купувач му обезбедува 0,01 процент од основната главнина, вчера имаше информација од Македонска берза.
Освен овие, во последниве триесеттина дена берзанската статистика бележи уште три блок трансакции со акциите на најголемата македонска банка. Реализирани се по цена од 24 илјади денари. Пакетите се содржани од 2.000, 200 и 738 акции. Соодветно на тоа, нивната вредност е 48.000.000 денари (близу 780 илјади евра), 4.800.000 денари (78 илјади евра) и 17.712.000 денари (287,6 илјади евра).
Или, се на се овие пет блок трансакции тежат околу 1,3 милиони евра.