Во два дена пет блок-трансакции се забележани на Македонска берза, преку кои се купени 20.533 акции на градежната компанија „Гранит“. Познат купувач или купувачи платил(е) вкупно 640 илјади евра.
Трансакциите се реализирани – две во средата и три во четвртокот.
На 19 февруари, предмет на купопродажба биле 3.156 акции, во вредност од 97,5 илјади евра. И во двата блока единечната цена за акција е 1.900 денари. Тој со 1.156 акции чинел 2.196.400 денари или 35,7 илјади евра. Другиот е сочинет од 2.000 акции за кои се платени 3.800.000 денари, односно 61,8 илјади евра.
Утредената се регистрирани и поголеми количини – 17.377 акции и поголема вредност – од 33.363.840 денари, а во евра 542,5 илјади. Се работи за три блок-трансакции реализирани по иста цена од 1.920 денари. За стекнатите 3.075 биле дадени 5.904.000 денари (96 илјади евра), а купените 3.660 чинеле 7.027.200 денари (114,2 илјади евра). Третиот блок, пак, содржи 10.642 хартии од вредност издадени од „Гранит“, во кои се инвестирани 20.432.640 денари или 332,2 илјади евра.
Инаку, тие денови на официјалниот пазар не се тргувало со оваа акција, чија просечна цена е 1.901 денар. Основната главнина на компанијата е претставена со 3.071.377 акции, а бројот на акционерите е 4.379.