„Лошите патишта, застарената железница и скапата енергија ги тераат инвеститорите да ја заобиколат Македонија. Иако компаниите велат дека има мал напредок во однос на 2023, лани само 18% од нив биле задоволни од инфраструктурата – што е алармантен податок! Додека Србија, Бугарија и Албанија градат модерни транспортни коридори, Македонија сè уште чека почеток на изградбата на клучни проекти. Дали конечно ќе инвестираме во инфраструктура или ќе станеме слепо црево на Балканот?“
Одговорите во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“.
„Првата тема на која баравме став и мислење на компаниите присутни во држава е инфраструктурата. Колку се тие задоволни со инфраструктурата? Кога зборуваме за инфраструктурата, тука зборуваме за постоечката инфраструктура, патна инфраструктура, но истовремено на локациите каде што тие работат, некои од тоа можат да бидат индустриски зони под ингаренција на општина, технолошко-индустриски-развојни зони под ингеренција на држава. И видовме дека има зголемено ниво на сатисфакција. Минатата година позитивно на оваа анкета се изразија само 10% од компаниите,оваа година 18% се изразија позитивно. Некој ќе рече 10% или 18%, тоа е уште далеку од половината. Се согласувам, но барем има некој позитивен тренд. Бидејќи инфраструктурата кај нас, знаеме дека веќе долги години е рак рана, без разлика дали дефинираме до каде сме со автопатиштата или кое е нивото и квалитетот на инфраструктурата споредено со она што е очекувања на такви компании во Западна Европа, а и на голем дел на земји во Источна Европа.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот, на нашиот ЈуТјуб канал. Не заборавајте да притиснете „сабскрајб“ и да го следите нашиот канал!“