ПОВЕЌЕ

    „Викенд без ДДВ” корисен за граѓаните но и за стопанството, вели Ангеловска

    Време зa читање: 2 минути

    Стимулирање на приватната потрошувача кон домашни производи и домашни услуги, предвидува мерката „викенд без ДДВ” која преку добро контролиран систем може да се спроведе како дополнителен приход на стопанството но и помош за граѓаните.

    Министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека оваа мерка може да се спроведе преку веќе активната апликација Мој ДДВ која овозможува да ги скенираме сите сметки, а веќе го имаат инсталирано над 300 илјади корисници.

    Тоа значи дека апликацијата овозможува да се постават одредени лимити, колку сметки, во кои сектори, колкав ќе биде повратот, дали ќе биди 100 проценти повратот за одредени производи и сето тоа ќе биде овозможено бидејќи апликацијата функционира, се со цел да се спроведе тој викенд со поголем поврат на ДДВ во насочени сектори кон домашна портрошувачка на домашни производи и услуги, појасни вечерва Ангеловска на Топ тема на Телма.

    Во однос на можноста за злоупотреба на оваа мерка, министерката истакна дека тоа би било возможно доколку не постоеше технологијата и дека лимитите за повратот на „викенд без ДДВ” ќе бидат познати откако добро ќе се разработи целиот проект.

    Според професорот Трајко Славески оваа мерка е бесмислена и дека со овој „викенд без ДДВ” најмногу ќе се помогнат поимотните граѓани, а најмалку ќе им користи на граѓаните кои трошат на добра и услуги каде има или повласетена или нула стапка на ДДВ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично