ПОВЕЌЕ

    Успешните компании се раѓаат во тешки времиња

    Време зa читање: 2 минути

    „General Motors“, „Burger King“, „CNN“, „Uber“ и „Airbnb“ се реномирани брендови основани во тешки времиња на глобален економски пад.„General Motors“ основана е во 1908 година, кога американската економија беше во немири по финансиската криза од 1907 година.

    „Burger King“ основан е во 1953 година, кога САД повторно беше во рецесија, а „CNN“ ги започна своите преноси со вести во 1980 година, кога американската инфлација достигна скоро 15%.

    И „Uber“ и „Airbnb“ воспоставија бизнис за време на глобалната финансиска криза 2007-09 година.
    Овие примери покажуваат дека голем број од најдобрите компании се формираат за време на економски застој. Познавачите кои долги години работат на истражувања на пазарот во контекст на тоа како економската криза делува врз компаниите велат дека оние кои стартуваат бизнис во рецесија, навистина започнуваат во тешки услови со многу труд, кога нема побарувачка, но на долг рок резултатите се видливи.

    Како резултат на коронавирусот, Светската банка предвидува дека глобалната економија ќе се намали за 5,2% во 2020 година. Американската економија веќе е во рецесија, а Банката на Англија предвидува дека Велика Британија ќе го оствари својот најостр пад од 1706 година. Тоа е пред 314 години.

    Но, како што покажува историјата, успешните компании се раѓаат во тешки времиња. Дали може да има ветувачки почетоци од претприемачите во 2020 година кои ќе станат светски познати имиња на брендови кои ќе вредат, останува да видиме.
    Она што е актуелно е дека и покрај економската криза и големиот број на згаснати работни места, во САД се поднесени бројни апликации за основање на нови компании, во многу поголем процент од истиот период од минатат година. Професорот Робер Ферли од Универзитетот во Калифорнија Санта Круз, вели дека ова се должи на намалувањето на работните места. Во такви услови, луѓето статруваат со свој бизнис, популарно наречено оваа појава се нарекува „неопходно претприемништво“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично