ПОВЕЌЕ

    УНИБанка од денес започнува со предвремена исплата на мајските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, УНИБанка АД Скопје известува дека овозможи исплатата на пензијата за мај на трансакциска сметка да биде на 27-ми мај (среда) 2020 година.

    Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 27-ми мај (среда), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 27-ми мај  (среда),  секој работен ден во експозитурите на Банката.

    Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

    • Во среда, на 27.05.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
    • Во четврток, на 28.05.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
    • Во петок, на 29.05.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
    • Во понеделник, на 01.06.2020 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

    Во случај на неопходна посета на експозитура, од Банката замолуваат да се почитуваат правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во  експозитурата, како и пред влезот.

    За да се избегнат блиски контакти, УНИБанка ги повикува пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на Банката, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично