ПОВЕЌЕ

    Уметничко дело насликано од робот продадено скоро 700.000 долари

    Време зa читање: 2 минути

    Софија е мултиталентиран робот кој може да зборува, да се шегува, да пее, па дури и да црта. Нејзиното дигитално дело предизвика забуна во светот на уметноста кога беше продадено на аукција за 688.888 американски долари во форма на таканаречен незаменлив токен (NFT).

    Продажбата укажува на зголемен недостаток на контрола на пазарот NFT, каде што луѓето можат да купуваат сопственички права на дигитална содржина.

    Секој NFT има единствен дигитален код кој им овозможува на сите да ја потврдат автентичноста и сопственоста на доброто.

    Софија е најпозната роботска креација на компанијата Хансон Роботикс, и може да имитира изрази на лицето, да разговара и да препознава луѓе.

    Во 2017 година доби државјанството во Саудиска Арабија и стана првиот граѓанин меѓу роботите.

    Таа соработуваше со италијанскиот сликар Андреа Бонасет, а подоцна започна сама да прави дигитални уметнички дела.

    Дигиталното дело, кое беше продадено за 688.888 американски долари, е всушност видео клип од 12 секунди што го прикажува портретот на Бонасет како еволуира во дигитална слика на Софија.

    Софија ќе продолжи да слика, а следниот чекор во нејзината кариера може да се направи во светот на музиката. Работи на повеќе музички дела во проектот наречен „Софија поп“, каде соработува со музичари за пишување музика и текстови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично