Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи и ја започнува кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, во рамки на која веќе од 31 jануари и во текот на февруари ќе понуди намалување на голем број производи, кои се неопходни за потребите на едно семејство. Станува збор за производи, кои се клучни за функционирањето на домаќинствата и веруваме дека ќе придонесат во заштеди на семејниот буџет.
Маркетите се само дел од ланецот на дистрибуција на прехранбените и останатите производи, со што можноста за влијание врз цените е навистина минимална. Најголем дел од зголемувањата доаѓаат заради фактот што нашиот пазар е увозно зависен во голем дел од прехранбените производи, па така при промена, односно покачување на увозните цени доаѓа до покачување и на малопродажните цени, кои купувачите ги забележуваат во маркетите. Таков е случајот со производи како кафето и какаото, кои на светските берзи забележуваат раст во цена дури до 30%, што потоа влијае и врз растот на чоколадите и кондиторските производи. Увозните млечни производи од Германија исто така имаат раст во цените на берзите од 15-20%.
Направените анализи во последните четири месеци од 2024 година покажуваат зголемување од 9% на просечните набавни цени во однос на истиот период во 2023 година. И покрај сето ова, Тинекс секогаш има слух за потребите на потрошувачите и успеваме да понудиме производи со прифатливи цени.
Дополнително, водени од фактот дека купувачите и нивното задоволство се наш приоритет, редовно инвестираме во програми, кои имаат бројни бенефити за купувачите во нашите продажни места. Тука е програмата за лојалност „Поен+” во рамки на која со секое пазарување се собираат поени кои подоцна може да се користат за плаќање при некое од следните пазарувања.
Уште една поволност и придонес кон заштеда во семејниот буџет е програмата на Тинекс и Mastercard, каде што потрошувачите можат да добијат до 10% кеш бек. Прогрaмата ќе биде достапна и во тек на месец февруари, на касите за самонаплата.
Дополнително, како резултат на одличната соработка со банките, при пазарувањето во Тинекс купувачите имаат можност да плаќаат на рати без камата, што е дополнително олеснување на месечниот буџет.
Тинекс и понатаму ќе продолжи да работи одговорно и транспарентно и да ги става интересите на потрошувачите на прво место.
ПР Објава