ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка од утре започнува со предвремена исплата на мартовските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    ТТК Банка ги известува своите ценети клиенти пензионери дека почнувајќи од 29-ти март 2022 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец март на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

    Oд 29.3.2022 г. (вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка АД Скопје или во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 29.3.2022 г. (вторник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 30.3.2022 г. (среда)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 31.3.2022 г. (четврток)
    • над 18.000 денари на 1.4.2022 г. (петок)

    Со цел заштита на здравјето, средствата првенствено да се користат безготовински, за плаќање во трговската мрежа, преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат, апелираат од банката.

    При неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката, задолжително е носење заштитна маска, држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете, потсетуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично