ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка започнува со предвремена исплата на пензии за април 2023

    Време зa читање: < 1 минутa

    ТТК Банка ги известува своите ценети клиенти дека почнувајќи од 25-ти април 2023 година ТТК Банка АД Скопје ќе врши исплата на пензијата за месец април на пензионерите кои ја примаат својата пензија од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на нивната денарска сметка во ТТК Банка АД Скопје.

    Oд 25.04.2023 г. (вторник) корисниците на Visa и Mastercard® дебитните картички ќе можат да располагаат со пензијата, преку мрежата на банкомати на ТТК Банка или во трговската мрежа.

    За корисниците кои не поседуваат дебитни картички, исплатата ќе се реализира во сите филијали и експозитури на Банката во четири групи според висината на пензијата и тоа:

    • до 11.000 денари на 25.04.2023 г. (вторник)
    • од 11.001 до 14.000 денари на 26.04.2023 г. (среда)
    • од 14.001 до 18.000 денари на 27.04.2023 г. (четврток)
    • над 18.000 денари на 28.04.2023 г. (петок)

    Изберете едноставен, брз и сигурен начин за располагање со пензијата, безготовински преку електронското банкарство TTK E-bank или мобилното банкарство TTK M-bank,  со користење на дебитните картички, а во случај на потреба од готовина преку мрежата на банкомати, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично