ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка ја отвори својата нова експозитура во строгиот центар на Гевгелија

    Време зa читање: < 1 минутa

    ТТК банка ја отвори својата нова експозитура во строгиот центар на Гевгелија. Локацијата е на улицата „Маршал Тито” бр.99. Работното време е од 8:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

    Клиентите – граѓани и компании, и во оваа експозитура имаат пристап до целосната банкарска понуда, која опфаќа кредитирање, Visa и Mastercard платежни картички, платен промет во земјата и со странство, брз трансфер на пари Moneygram, менувачко работење, депозитно работење… Како што наведуваат од Банката, богатата понуда на производи со конкурентни и поволни услови, брзата и квалитетна услуга, искуството и посветеноста на стручниот кадар се клучните придобивки кои придонесуваат за задоволството на постојните и новите клиенти на ТТК банка.

    Со отворањето на оваа, засега последна експозитура, ТТК банка ја прошири својата деловна мрежа на вкупно 31 локација, од кои деват се во Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично