Во првиот квартал од годинава 100 отсто од транскациски сметки на новооснованите компании на територија на општините Вевчани, Ранковце и Пехчево „лежат“ во НЛБ Банкa, а 100 % од сметките на новосонованите правни лица од Могила се во Халкбанк. „Таргет Груп“ објавува кои банки биле најпривлечни за отворање на трансакциски сметки на новоснованите фирми во првиот квартал од годинава, и каква била состојбата минатата година, односно кои банки во кои општини и градови доминираат и со колакв удел.
Банките имаат различна доминација во населени места, општини и градови. На крајот од првиот квартал годинава, податоците на „Таргет Груп покажуваат дека во одредени општини , населени места, се случува 100 % од транскациските сметки на новооснованите приватни и државни фирми да бидат концентрирани во само една банка.
Така, 100% од трансакциските сметки на новоотворените компании во првиот квартал од годиава во Вевчани, Пехчево и Ранковце се сконцентрирани во НЛБ Банка АД Скопје.
Халкбанк АД Скопје пак во првиот квартал од годинава била најатрактивна за новоотврените компании во Могила – дури 100% од нивните транскакциски сметки се во оваа банка.
Во првиот квартал од годинава најдоминантни во Стопанска банка АД Скопје се Дебарца и Ново Село – дури 100 % од новооснованите компании во овие населени места отвориле сметка во оваа банка.
Распоред на „силите“ по градови и населени места
Новооснованите компании од скопско Арачиново – отворени во првиот квартал од годинава, главно се позиционирани во две банки, во НЛБ Банка 50,02% и во Халкбанк 49,95%.
Во Берово, најпривлечна во првиот квартал од годинава за новооснованите компании од овој град е Стопанска банка АД Скопје каде се концентрирани 62,50% од сметките додека 37,50% од сметките во Берово се отвориле во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје.
Во Велес, најпривлечна за клиентите со нови сметки, односно за новооснованите компании од првиот квартал од годинава била НЛБ банка, каде завршиле 36,37% од новоотворените сметки на приватниот и државниот сектор, а зад неа е Стопанска банка АД Скопје со 15,15%.
Новоотворените сметки на компаниите што се основале во првиот квартал од годинава во Василево се распоредени главно во две банки: Халкбанк каде завршиле 66,67% од сметките и во Универзална Инвестициона Банка АД Скопје со 33,33%.
Податоците покажуваат „концентрација“ на сметките на новооснованите компании во првиот квартал од годинава се во две до три банки во повеќе градови низ земјава.
Така, во Делчево 57,14% од сметките на новооснованите компании од првиот квартал од годинава се во Комерцијална банка а 42,86% се во Стопанска банка АД Скопје.
Новооснованите компании во првите три месеци од годинава што доаѓаат од Демир Хисар дури 66,64% од сметките ги отвориле во Стопанска Банка АД Битола, додека 33,36% се во Стопанска банка АД Скопје.
Во Дојран новооснованите компании во првите три месеци од годинава трансакциските сметки ги распределиле во три банки: во Стопанска банка АД Скопје 50,02%, во НЛБ Банка 25,01% и во Шпаркасе Банка 24,97%.
За новоотворените компании во првиот квартал од годинава во Македонска Каменица биле привлечни две банки – Комерцијална Банка АД Скопје каде се отвориле 75,01% од сите нови сметки и НЛБ Банка каде завршиле 24,99% од сметките.
Концентрација на сметки на новоотворените компании во првиот квартал од годинава во Македонски Брод имало во Комерцијална банка каде се отворени 66,68% од сметките , а 33,32% во НЛБ банка.
Сметките на новооснованите компании во првиите три месеци од годинава во Чучер Сандево се распоредени во две банки – 50,03% во Прокредит банка и 49,97% во НЛБ банка .
Од сите новоосновани компании во првиот квартал од годинава во Новаци, дури 66,66% од сметките се отворени во Шпаркасе Банка а 33,34% во Комерцијална Банка.
Во Лозово новооснованите компании во првиот квартал од годинава дури 74,97% од сметките ги отвориле во Халкбанка а 25,03% во Комерцијална Банка.
Од Маврово и Ростуше новооснованите компании во првите три месеци од годината сметки ги позиционирале во две банки : 50,01% во Стопанска Банка- Скопје и 49,99% во Халкбанк.
Новите компании од Росоман основани во првиот квартал од годинава сметките ги насочиле во две банки, 50,01% во Универзална Инвестициона Банка и 49,99% во Стопанска банка АД Скопје.
Минатата година, 100 процентна концентрација на трансакциските сметки на новоотворените компании во една банка е регистрирана во следниве населени места: Карбиници 100% во Комерцијална банка, Чашка 100% во НЛБ банка, Центар Жупа 100% во Стопанска банка АД Скопје, а висок процент е регистриран во Зелениково каде 75% од новооснованите компании во 2019 година сметките ги отвориле во Комерцијална банка, исто така 75% од новооснованите компании во 2019 година во Пехчево сметките ги отвориле во Комерцијална банка, додека новооснованите компании од Вевчани минатата година 83,33% од сметките ги отвориле во НЛБ банка, а компаниите од Кратово отворени во текот на минатата година 76,92% во сметките ги отвориле во Централна Кооперативна Банка АД Скопје.
Прочитај и.. Aнализа:Во кои банки новооснованите компании најчесто отвораат сметки?
Можеби ќе те интересира и Анализа: Кои дејности која банка ја преферираат-состојба во првиот квартал од годинава
Анализа на податоците: „Таргет Груп
Изработил А.Д