ПОВЕЌЕ

    Кои дејности која банка ја преферираат – состојба во првиот квартал од годинава

    Време зa читање: 4 минути

    Заклучно со првиот квартал од оваа година може да се констатира дека новооснованите компании од секторот образование ја преферираат НЛБ Банка, бидејќи дури  58,83% од сметките кои доаѓаат од овој сектор се отворени токму во оваа банка.  При тоа може да се констатира дека ниту една друга банка нема ваков удел од овој сектор.

    И секторот финасиски дејности и дејности од осигурување довербата ја дава на оваа банка, кога станува збор за новоосновани компании во текот на првите три месеци од годинава бидејќи дури 42,86% од сите постоечки сметки кои доаѓаат од оваа дејност се отворени во оваа банка. Потоа дури  37,49% од трансакциските сметки на новооснованите компаниите кои доаѓаат од секторот  земјоделство, шумарство и рибарство се отворени во НЛБ Банка.  Слично е и со новооснованите компании кои доаѓаат од дејноста информации и комуникации, односно дури  37,14%  од сметките на овие компании се отворени повторно во оваа банка и при тоа ниту една друга нема ваков удел од овој сектор. Нооотворените компании од секторите уметност, забава и рекреација 36,23% од вкупните трансакциски сметки се позиционирани во оваа банка.

    Во првите три месеци од годинава новооснованите компании од рударскиот сектор преферираат три банки, односно НЛБ Банка, Халкбанк и Универзална инвестициона банка. Во секоја од нив има по 33,3% од трансакциските сметки на компаниите пд овој сектор што биле отворени во првите три месеци.

    Слично е и со секторот снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад од каде повторно од вкупниот број отворени сметки на новооснованите компании од овој сектор во НЛБ Банка има 28,5 % , исто колку и во Халкбанк, додека во Силк Роуд  и Стопанска банка има по 14% од вкупниот број на сметки.

    Дејностите на здравствена и социјална заштита ги преферираат Комерцијална банка каде се отворени 35,2 % од сметките на компаниите што биле основани во првите три месеци од годинава, потоа во Халкбанк се отворени 29,4%, а во НЛБ Банка 17,6 %.

    Ноовоснованите компаниите во првите три месеци од годинава кои се од секторот земјодество и шумарство во НЛБ Банка имаат отворено 37,4% од сметките, додека во Халкбанк 23,2% и во Комерцијална 14,2%.

    Фирмите од секторот информации и комуникации кои биле отворени во првиот квартал од годинава дури 37,1% од трансакциските сметки ги отвориле во НЛБ Банка, во Халкбанк имаат 16,2%, потоа 15,2 % во Комерцијална и во Стопанска банка имаат 14,2%.

    Во Стопанска банка се сконценирани сите сметки од дејноста јавна управа и  одбрана, задолжително социјално осигурување кои биле отворени во првите три месеци од годинава.

    Новооснованите компании од секторот образование кои се отворени во првите три месеци од годинава ја преферираат НЛБ Банка каде се отворени 58,8% од сметките, додека во Халкбанк и Комерцијална банка има по 17,6 % од вкупно отворените сметки од оваа дејност во првиот квартал од годинава.

    Компаниите од преработувачката индустрија кои се отворени во првите три месеци од годинава најмногу од сметките ги отвориле во НЛБ Банка со удел од 24,2% додека Халкбанк има 19,2% , Стопанска банка има 17,1 % а Комерцијална банка има 13,5%.

    Во првите три месеци од годинава новооснованите фирми од секторот снабдување со електрична енергија дури 28,5 % од сметките ги имаат во НЛБ Банка, додека во Халкбанк се 14,2%, исто колку и во Комерцијална банка и во Шпаркасе банка.

    Секторот транспорт и складирање, односно новооснованите компании од оваа дејност во првите три месеци од годинава ја преферираат повторно НЛБ Банка кадсе се сконцентрирани 22,4% од отворените сметки а веднаш зад неа е Халкбанк со 17,7% од сметките на новооснованите компании од оваа дејност. Потоа следуваат Стопанска банка Скопје со 14,9%, Универзална инвестициона банка со 13% и Комерцијална банка со 12,1%.

    Новооснованите компании кои доаѓаат од секторот трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли и кои се отворени во првиот квартал од годинава најголема доверба имаат во Халкбанк, каде се отворени дури 24,7 % од сметките, а потоа следува НЛБ Банка со 18,2%, Комерцијална банка со 16,1% , а во Стопанска банка Скопје 15% од сметките на новооснованите компании во првиот квартал од годинава од овој сектор.

    Компаниите од секторот градежништво кои се новоосновани во првиот квартал од годинава во НЛБ Банка имаат отворено 19,8 % од сметките, во Халкбанк 18%,  а во Комерцијална банка и Стопанска банка Скопје по 15%.

    Прочитајте ја целата анализа како банките го делат „колачот“ од трансакциски сметки на новооснованите компании  –> [ АНАЛИЗА: Во кои банки новооснованите компании најчесто отвораат сметки ]

    Анализа на податоците: Таргет Груп

    Изработил А.Д

     

     

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично