ПОВЕЌЕ

    TOW: Преземање на одговорност

    Време зa читање: 4 минути
    Личната, наспроти колективната одговорност е многу мала. Да тргнеме прво од таа констатација, па после тоа сè друго!

    Проблемот е во тоа што, во ера на борбата за работно место, тоа е така и искрен да бидам, никако двете работи не ми одат едно со друго. Но, она што го забележувам кај работодавците, но и кај младата работоспособна генерација, тој концепт пополека се менува. И поради тие промени, личната одговорност станува сè побарана, а нормално, со тоа растат и довербата кон тие луѓе, а како расте довербата, со тоа расте и вашето влијание во компанијата, а нормално е да расте и платата.

    Но, лесно е да се каже, тешко е да се имплементира, а згора на тоа, поголем е бројот на луѓе кои не веруваат во оваа моја констатација отколку оние кои веруваат, а соодветно на тоа знаат и дека овој концепт на размислување ќе им помогне не само на работа, туку и во приватниот живот.

    Затоа, доколку сте од оние кои сакате да почнете да преземате одговорност и да почнат луѓето да „сметаат” на вас и да имаат доверба во вас тогаш:

    • Самосвесност – најмногу ќе треба да работите на неа, затоа што таа ќе може да ве демотивира да продолжите понатаму. Преземањето на одговорност не ја забележуваат сите менаџери, што не значи дека не треба да продолжите.
    • Разговарајте со претпоставените – важно е да им се укаже на вашата желба за преземање одговорност, и секако, во еден период и толеранција од нивна страна. Нивната поддршка е повеќе од добредојдена, но не може да трае вечно и тоа имајте го на ум!
    • Обвинување на другите – ќе мора да прекинете со обвинување на другите иако за нешто вие сте биле одговорни, и тоа да биде ваша одговорност. Но генерално, обвинување на другите е една од првите работи за кои ќе треба да прекинете да ги правите.
    • Од најниско до највисоко ниво – не знам која е вашата моментална позиција, но почнете со преземање на одговорност од некои „небитни” работи, за да почнете пополека да преземате одговорност за поважни работи.
    • Проактивност – не секогаш треба и мора да чекате некој друг да ви даде „зелено светло“ за да направите некоја работа. Преземете иницијатива и сторете го она што треба да се стори пред некој да ве праша (или некој друг) да го стори тоа.
    • Ветувања – почнете да ветувате дека некои работи ќе ги исполните и дека ќе пробате да ги исполните сами. Почнете со исполнувања на работи кои сами можете да ги исполните, па после тоа како дел од помал, па подоцна и поголем тим.

    Ви дадов некои совети како да почнете да преземете (лична) одговорност, но она што е најважно е дека не треба да имате страв. Не треба да се плашите дека тоа што го правите е погрешно, туку баш напротив, тоа само може да ви донесе успех во вашиот натамошен развој, но само ако учите од секоја преземена одговорност.

    Со успех во промените,
    @kalinbabusku

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично