ПОВЕЌЕ

    ТОП ПЕТ АКЦИИ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА со најголем пораст и пад на цената во август

    Време зa читање: 2 минути

    Акцијата на Аутомакедонија имала најголем пораст во текот на август месец на тргувањето на Македонската берза. На 31.07.2022 година една акција на „Аутомакедонија“ се продавала за 2500 денари, додека пак, на крајот на август месец – 31.08.2022 годинава, нејзината просечна цена достигнала 2700 денари за акција или забележала пораст од 8 отсто.

    Реплек Скопје,се најде на второто место со пораст од 5,88 отсто на нејзината акција. Акцијата на Реплек, на 31.07.2022 година изнесувала 85.000 денари, а на крајот на месецот пораснала и нејзината просечна вредност изнесувала 90.000 денари.

    На третото место со пораст од 4,37 отсто се најде приоритетната акција на Стопанска банка Скопје, чија просечна цена на акција на 30.07.2022 година била 602 денари, еден месец подоцна, на 31.08.2022 година достигнала пазарна цена на берзата од 692 денари.

    Акцијата на Гранит Скопје, е на четврто место на ранг листата акции со најголем пораст. Просечната цена на акцијата на 31.07.2022 година изнесувала 1.325 денари, додека на 31.08.2022 таа изнесувала 1378,51 денар.

    Листата топ 5 акции со најголем пораст ја завршуваме со акцијата на ВВ Тиквеш Кавадарци, каде на 31.07.2022 година просечната цена на акција изнесувала 5.000 денари, додека на 31.08.2022 таа изнесувала 5.190 денари.

    АКЦИИ СО НАЈГОЛЕМ ПАД ВО АВГУСТ МЕСЕЦ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА СЕ:

    • Макошпед Скопје
    • РЖ Техничка контрола Скопје
    • Либерти АД Скопје
    • Комерцијална банка АД Скопје и,
    • Макстил АД Скопје
    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично