ПОВЕЌЕ

    Ланецот на супермаркети „Tesco“ вработува 16.000 работници

    Време зa читање: 2 минути
    C8XKEM Tesco Extra superstore exterior, Glasgow, Scotland.

    Британскиот ланец на супермаркети „Теsco“ најави дека ќе создаде дополнителни 16.000 постојани работни места со цел да го поддржи исклучителниот раст на продажбата преку интернет. Дополнително најавија дека можно е и да го зголемат бројот на позициите затоа што онлајн трговијата значително се зголемила како резултат на  мерките за затворање поради корона кризата.

    Од компанијата велат дека очекува дека повеќето од позициите ќе ги пополнат колегите кои привремено се приклучиле на почетокот на пандемијата „Ковид-19“, а сега сакаат да останат постојано, пренесува Ројтерс.

    Компанијата „Теsco“ прецизира дека во рамките на вкупниот број нови работни места, 10.000 ќе бидат позиции за примање нарачки од клиенти, 3.000 ќе бидат за возачи за испорака на пакети, а преостанатите 3.000 ќе опфаќаат разни работни места во продавниците и центрите за дистрибуција.

    Супермаркетите „Аldi“ и „Lidl“ исто така, минатиот месец најавија отворање на дополнителни 1.200 и 1.000 работни места во Велика Британија оваа година.

    Ahold Delez, водечкиот оператор на ланци на супермаркети во Соединетите држави и во Европа, на почетокот на август објави дека брендовите кои работат под негова капа вработиле повеќе од 45.000 работници во вториот квартал на глобално ниво.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично