ПОВЕЌЕ

    Студентски кредит со 0% камата – Факултет за бизнис економија во соработка со НЛБ банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со цел обезбедување на квалитетно и ефикасно образование достапно за сите, Факултетот за бизнис економија (ФБЕ) во соработка со НЛБ Банка, Ви ја претставува можноста за финансирање на студиите со СТУДЕНТСКИ КРЕДИТ со 0% каматна стапка.

    Како што стои во известувањето на ФБЕ, покрај атрактивните услови за студирање и достапноста на цената, ваквиот начин на финансирање на студиите преку бескаматен студентски кредит е уште една можност за олеснување на домашниот буџет.

    На идните и сегашните студенти на ФБЕ им се дава можност да добијат студентски кредит по брза постапка. Студентскиот кредит е во износ на трошоците за студирање на ФБЕ на годишно ниво со можност истиот да се плаќа на 12 еднакви рати без камата. Во интерес на олеснување на финансирањето на студиите, обврската за плаќање на каматата ја презема факултетот.

    Сите дополнителни информации како и формулари за аплицирање, може да се добијат во просториите на ФБЕ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично