Обврските завршени и сега, што да правам? Но ако е ова прашањето, мислам дека многу лесно можеме да најдеме одговор. Работата е што читав некои истражувања во кое поголемиот број на работници изјавиле дека во просек 10.5 саати/ неделни им е досадно на работа. Тоа би дошло дека околу еден цел работен ден, вработените се досадуваат на работа.
Сосема е природно да понекогаш се чувствувате досадно и да не знаете што да правите. Она што е навистина важно е како ќе одберете да го поминете тоа време.
Па така, тоа време од 10.5 саати може да го поминете во играње на некоја игра на вашиот телефон или проверка на вашите приватни профили на социјалните медиуми или да го искористите во нешто паметно:
Истражувања – истражувајте работи од областа поврзани со вашата работна позиција. Бидете креативни и најдете уште повеќе интересни работи кои можат да ја подобрат вашата работа и работата на целиот тим
Средување – сега е време кога можете да го средите просторот околу вашето работно место, да си го средите хаосот во компјутерот, да зачистите пораки кои не ви требаат, а се во вашето поштенско сандаче, да направите некоја промена
Помош – немојте да седите само онака на работа и дави биде досадно туку најдете се од помош на вашиот колега/колешка и помогнете им во извршувањето на нивните задолженија. Прво почнете со колегите од вашиот сектор, позната ви е работата, па после тоа одете во секторите каде што имате некое познавање.
Што е тоа што ви е досадно – пронајдете го изворот на вашата досада: дали е тоа што немате доволно обврски? Дали е тоа што пред време ги завршувате работите? Дали е тоа некој дел од работата ви е здодевен? Најдете го изворот и почнете да го решавате проблемот
Не е моја работа – во овие моменти, извадете го тоа од глава и баш напротив, направете нешто што не е ваша работа или не било побарано од вас. Не мора да почнете со некоја промена од корен во компанијата/одделението во кое работите ама може да биде нешто што не е дел од вашите обврски, а може да придонесете во развојот на компанијата
Нови вештини – учете нови вештини кои може позитивно да допринесат во развојот на вашата позиција на работа, но може и да научите некои вештини кои се комплементарни на вашата позиција/образование, кои само може да дадат додадена вредност на она што го работите
Игрици – веќе ако навистина немате што да направите околу вашата досада и сите оние погоре наведени работи сте ги направиле, играјте барем некои паметни игри од типот на судоку, крстозборка на странски јазик (за да вежбате јазик) итн
Друга работа – ако ништо од сето ова што ви го споменав, а има уште мал милион работи кои може да ги направите, не ве привлекува, тогаш веројатно е време да си одите од таа работа и да си најдете некоја која ви е помалку здодевна. Не е до вас, до работата е!
Има многу работи кои може да ги правите кога и ако ви е здодевно, но секогаш на крај се сведува на тоа: зошто ви е здодевно? И една работа треба да ви биде јасна, немојте да мислите дека претпоставените не гледаат дека ви е здодевно на работа.