ПОВЕЌЕ

    Стевкова-Штериева: Принципите за родова еднаквост се основа за просперитетна иднина

    Време зa читање: 2 минути

    Со истакнување на обврската за почитување на Принципите за јакнење на жените (The Women’s Empowerment Principles) како дел од Целите за одржлив развој на ООН, д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на МБА и Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка, нѐ потсети на заедничката одговорност за справување со најголемите предизвици на денешницата.

    Стевкова-Штериева имаше поздравно обраќање на настанот во организација на Македонската банкарска асоцијација, на кој жени лидери во банкарскиот сектор разговараа за „зелената економија“ како најголем предизвик на новата генерација жени лидери.

    Во своето обраќање таа се осврна на Принципите за јакнење на жените затоа што тие претставуваат сет на насоки усвоени од Глобалниот договор на ОOН за подобрување на родовата еднаквост на работното место, на пазарот и во заедницата. Според Штериева, иако согласно законската регулатива платите во земјава се утврдени врз основа на работното место, а не врз основа на родовата припадност, сепак може да се заклучи дека жената во Македонија потешко се пробива на раководните позиции и со тоа потешко остварува повисоки примања.

    Македонската банкарска асоцијација со овој настан ја одбележа Глобалната недела на парите, која оваа година се прославува под мотото: „Планирајте си ги парите, засадете ја иднината“.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично