ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА: Цените на становите во пораст – што ги поскапе недвижностите ?

    Време зa читање: 4 минути

    Цените на становите во пораст – се намалува бројот на издадени одбренија за градба. На пазарот со недвижности, конкретно со продажба на станови изминатиот период е регистриран тренд на поскапување на метар квадратен станбен простор, пишува “Порталб” .Позади ова стојат повеќе причини, една од нив и мориториумите за градба кои се на сила во дел од општините.

    Се намалува бројот на одобренија за градба ..

    На истекот од 2020 та, Заводот за статистика регистрира “негативни” трендови во градежниот бизнис. Во ноември годинава во споредба со истиот месец лани е намален бројот на издадени одобрени за грдаба, но се намалува и вредноста на објектите кои треба да се изградат. Конкретно, во единаесетиот месец од 2020 биле издадени 208 одобренија за градба на територијата на целата држава што е за 14,4% помалку во однос на лани, истиот месец.

    “Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 112 (53.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 20 (9.6 %) за објекти од нискоградба и 76 (36.5 %) за објекти за реконструкција” – наведува Заводот за статистика.

    Предвидената вредност на објектите во ноември изнесувала 31,2 милиони евра што е за дури 22,2% помалку во однос на анализираниот период лани. Само кај предвидената изгрдба на станови регистриран е пад за дури 61,6%.

    Новемри 2020/2019

    Издадени одобренија за градење -14,4%

    Предвидена вредност на објекти -22,2%

    Предвиден број на станови -61,6%

    Во ноември била предвидена изградба на 302 станови, најголем дел или 91 во скопскиот регион, 50 во североисточниот регион, 47 во југозападниот регион и 33 во вардарскиот регион. Во останатите региони била предвидена изградба на помалку од 30 станови.

    Што ги зголеми цените на становите…

    Забавената изградба на нови станови, рестрикциите за градење во одредени општини и зголемените трошоци во градежништвото ја зголемија цената на метар кавдратен – коментираат луѓето од градежниот бизнис.

    “Во изминатиот период се забалежува тренд на постојано зголемување на цените на недвижностите. За ова постојат повеќе причини. Една од клучните е што се зголеми цената на трудот во овој сектор, односно зголемени цени на услуги во градежништво, потоа се зголемија и цените на градежните материјали во 2020 та година – уште еден фактор што влијаеше врз пораст на трошоците за работа” – вели Ивица Јакимовски од Градежната комора на Македонија.

    Овој тренд на ценовен пораст го регистрираше и Народната банка – на крајот од 2020 та регистрин раст од 1,7%. Но, не само трошоците, туку и сегашните мораториуми предизвикаа “поместувања” на пазарот на недвижности. Во бизнис круговите се коментира дека цената на кавдратен метар во Центар достигнува и до 1300 евра за нов стан.

    “Врз цената на становите неизбежно влијаеше и мораториумот на териорија на општина Центар, односно неможноста за градење што предизвика застој во градежните работи, па дури и загуби за одредени фирми. Овој мораториум се покажа како незаконски, што беше потрвдено од Уставен суд. Потоа на територија на општина Карпош имавме укинати Детални Урбанистички Планови по вина на Општината, а од страна на Уставен Суд. Сите овие политики имаат влијание во бизнисот, во понудата на пазарот.” – вели Јакимовски и додава дека и со сегашните цени на недвижности Македонија во споредба со земјите од опкружувањето има најниски цени за метар квадратен стабен простор.

    Податоците од банките покажуваат дека во ноември, на годишно ниво, регистриран е пораст на станбените кредити за 13,6% . Граѓаните на крајот од ноември по основ на станбени кредити во банките должеле 930 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично