ПОВЕЌЕ

    Со согласност од КХВ – Миа Стефановска Зографска и натаму ќе раководи со „Иново Статус“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Миа Стефановска Зографска доби согласност од Комисијата за хартии од вредност и во наредните четири години да ја извршува функцијата главен извршен директор и извршен член на Одборот на директори на Друштвото за управување со затворени и отворени инвестициски фондови „Иново Статус” АД Скопје. Исто така, согласност е дадена и за Благој Митров, досегашен извршен член на Одборот и извршен директор.

    Освен тоа, Комисијата ги одобрила измените на Статутот на ова друштвото, со кои се менува називот на седиштето.

    Друштвото за управување со инвестициски фондови „Иново Статус“ во Македонија функционира од 2007 година, а основната главнина е 297.654 евра. Mнозински сопственик е бугарскиот „Еј Си Ем Консулт“ ДОО Софија. Управува отворените инвестициски фондови „Иново Статус Баланасиран“ и „Иново Статус Солар“

    Освен Стефановска Зографска и Митров, во составот на Одборот на директори се и неизвршните членови Ивелина Иванова – претседател, Олга Јорданова и Јордан Цанов.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично