Преку Македонска берза, СН осигурителен брокер ја известува јавноста дека изврши втора емисија на хартии од вредност преку приватна понуда.
Со ова се издадени и запишани вкупно 25.690 обични акции со номинална вредност од 50 евра. Тоа значи дека вкупната вредност на емисијата на осигурителното брокерско друштво СН осигурителен брокер изнесува 1.284.500 евра.
Новоиздадените акции, се запишани од актуелните акционери, пропорционално со нивното постоечко учество во основната главнина на друштво, информира друштвото.
Ова е позитивно случување на пазарот зашто многу малку компании одлучуваат да го зголемуваат капиталот со нови емисии.Особено значајни и корисни се емисииите преку јавна понуда