ПОВЕЌЕ

    „Скопски пазар“ и „Промедика“ со нови акции ги јакнат позициите во „Македонијатурист“

    Време зa читање: < 1 минутa

    „Скопски пазар“ го зголеми сопственичкото ниво во „Македонијатурист“, кое сега изнесува 19,76 проценти. Ги засилува позициите и „Промедика“, чиј удел засега е 11,9 проценти. Ценовно чувствителните информации за овие промени се објавени преку Македонска берза.

    Во последните купопродажни активности најголемиот акционер се стекнал со 156 нови акции.

    „Известуваме дека акционерот Скопски пазар акционерско друштво за услуги во прометот и трговијата увоз-извоз Скопје купи дополнителни 156 акции и сега поседува 89.364 акции односно 19,76% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, пишува во првата објава.

    „Промедика“, која е акционер од понов датум во „Македонијатурист“, купила 28 акции.

    „Известуваме дека акционерот Друштво за трговија, производство и услуги Промедика дооел Скопје купи дополнителни 28 акции и сега поседува 53.799 акциja односно 11,90% од вкупниот број обични акции издадени од Македонијатурист АД“, информираат од компанијата..

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично