
Од 1 јули 2026 година, АЛТА Банка воведе нови, поповолни надоместоци за СЕПА трансфери, со услови што се меѓу најконкурентните на домашниот банкарски пазар.
Новите поволности вклучуваат:
- 0 денари надоместок за приливни СЕПА трансфери за сите физички лица, резиденти и нерезиденти
- Фиксни надоместоци за приливни и одливни СЕПА трансфери за правни лица, независно од износот на трансакцијата
Во услови на сè поголема меѓународна поврзаност, СЕПА трансферите стануваат сè позначајни за граѓаните и компаниите кои примаат средства од странство, соработуваат со меѓународни партнери или вршат прекугранични плаќања во евра.
Со новата тарифна понуда, АЛТА Банка обезбедува исклучително конкурентни услови за СЕПА трансфери, приспособени на реалните потреби на физичките и правните лица.
Целосниот преглед на новите тарифи е достапен на веб-страницата на АЛТА Банка: Промена на тарифни ставки СЕПА трансфери
ПР Објава
Аналитика








