На крајот на мај 2021 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 4.019,8 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 16,3 милиони евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (75,6%) по што следуваат валутите и депозитите (15,8%) и монетарното злато (8,6%).
Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.