ПОВЕЌЕ

    СЕ РАСПАЃААТ ЗА ШЕСТ НЕДЕЛИ: Сингапурска фирма изработи биоразградливи и нетоксични хартиени батерии

    Време зa читање: 2 минути

    Flint, компанија со седиште во Сингапур, специјализирана за одржливи енергетски решенија, промовираше хартиени батерии направени од еколошки материјали кои чинат само 10% од конвенционалните литиум-јонски батерии. Прикажани на неодамнешниот технолошки саем CES 2025 во Лас Вегас, САД, овие батерии покажаа значителни предности во однос на традиционалните решенија за складирање енергија.

    Хартиените батерии на сингапурскиот стартап Flint, кои CNET ги избра како добитник на наградата  за Најдобри во категоријата CES Sustainability се целосно флексибилни и може да се намалат до големина на батерија за паричка или да се вградат во лента за паметен часовник.

    Хартиените батерии на Флинт користат хидрогелен прстен кој служи и како сепаратор и како електролит во лист хартија, заменувајќи ги токсичните материјали што обично се користат во конвенционалните батерии.

    Дизајнот помага батеријата целосно да се биоразградува во рок од шест недели кога е закопана во земја, без да остави штетни остатоци. Оваа еколошка карактеристика ги издвојува од традиционалните батерии, на кои им требаат децении за да се разградат и често да испуштаат токсични материи во околината, според Interesting Engineering.

    „Нашата батерија има единствена способност да биде лесна, флексибилна и прилагодлива во форма, нудејќи не само безбедност, туку и значително пониска цена од традиционалните опции за литиум-јони“, рече портпаролот на компанијата.

    Хартиените батерии на Флинт биле подложени на ригорозни тестирања за да се обезбеди издржливост и безбедност под екстремни услови за да се спречи истекување, горење и експлозија.

    Имаат капацитет од 600 милиампер часови, погодни за различни потрошувачки и индустриски апликации. Додека нивната излезна енергија моментално е помала од онаа на литиум-јонските батерии, Flint активно работи на подобрување на перформансите.

    Трошоците за производство сега се приближно 10% од оние на литиум-јонските батерии, а Flint исто така ги зголемува производствените напори за дополнително да ги намали трошоците и да ја зголеми достапноста.

    Планирано е да се почне со производство во пилот-погон во Сингапур, со планирани дополнителни производствени локации во Кина, Индија, САД и Виетнам.

    Првите хартиени батерии во комерцијални размери се очекува да бидат достапни до крајот на годината.

    (Фото: CNET)

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично