„Ел Брендс“ е блиску до потпишување договор во текот на оваа недела за продажба на брендот „Викторија Сикрет“ на приватната сопственичка фирма „Сикаморе Партнерс“.
Ова го објави CNBC, повикувајќи се на извор на луѓе запознаени со тековните преговори.
„Ел Брендс“ е под притисок поради лошите резултати на „Викторија Сикрет“ под водство на извршниот директор на „Ел Брендс“, г. Лес Векснер.
CNBC известува дека иднината на марката сè уште не е сигурна, бидејќи нејзините извори потенцираат дека преговорите сè уште траат, пренесува Б92.