ПОВЕЌЕ

    Саудиска Арабија ќе инвестира 20 милијарди долари во вештачка интелигенција

    Време зa читање: < 1 минутa

    Саудиска Арабија планира да инвестира 20 милијарди долари во различни проекти за вештачка интелигенција до 2030 година.

    Стратегијата беше објавена минатиот месец и е дел од амбициозниот план за визија за 2030 година на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

    „Работиме да ја направиме вештачката интелигенција составен дел од алтернативната економија, преку стартап компании и компании за иновации. Ние ја гледаме вештачката интелигенција како дополнителен извор на приход “, рече Абдулах ал-Гамди, шеф на саудиската канцеларија за податоци и вештачка интелигенција, основана минатата година.

    Според него, акциите на овие компании, кои се планира да бидат повеќе од 300 до 2030 година, ќе бидат достапни и за странските и за домашните инвеститори, пишува порталот Сибиз.

    Во последните неколку години, Саудиска Арабија се обидуваше да го диверзифицира изворот на приход што зависи од нафтените производи, објави француската новинска агенција АФП за последното соопштение на кралството.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично