Рускиот буџет заради пандемијата бележи загуба од 14,2 милијарди долари

Датум на објава: 03.07.2020

Време зa читање: < 1 минутa

Рускиот заменик министер за финансии, Владимир Количев, изјави дека рускиот федерален буџет бележи загуба од повеќе од 1.000 милијарди рубљи (речиси 14,2 милијарди долари) како резултат на пандемијата на коронавирусот. Количев изјави дека поради пандемијата руската економија минува низ тежок период, пренесува Анадолија.

Тој додаде дека очекуваат буџетскиот дефицит до крајот на годината да изнесува речиси пет проценти од Бруто домашниот производ (БДП). -Како резултат на преземените мерки заради Ковид-19, загубата на приходите од извозот на нафта и природен гас во рускиот федерален буџет надмина 1.000 милијарди рубли (речиси 14,2 милијарди американски долари), рече Количев.

Прочитајте и ...  TOW: Вредност на еден производ

Тој посочи дека планираат буџетскиот дефицит да го затворат главно преку задолжување. -Годинава  можеме износот на заемот да го зголемиме на 5.000 милијарди рубли. Поради пандемијата потрошувачката ќе се зголеми од 19.000 на 23.000 милијарди рубли, рече Количев.


Тагови: анализа, БДП, загуба, ковид19, коронавирус, москва, пандемија, русија,

Facebook профил: pari.com.mk

Инстаграм профил: pari.com.mk

@pari.com.mk

© Преземањето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот pari.com.mk е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со pari.com.mk, е строго забрането.


Сподели: