ПОВЕЌЕ

    Ролекс – Приказната за најдобриот часовник во светот

    Време зa читање: 4 минути

    Почетоците поврзани со сегашниот бренд ROLEX датираат пред повеќе од 100 години. Имено, во 1905 година  Ханс Вилсдорф и Алфред Дејвис ја основаа својата прва компанија Wilsdorf & Davis во Лондон, Англија. Компанијата се занимаваше со изработка на рачни часовници, за кои деловите за механизмот ги увезуваше од Швајцарија, додека завршната обработка и оклопот се извршуваа во Лондон.

    Брендот ROLEX е регистриран во 1908 година, додека првото позначајно признание за вредноста на часовниците ја добиле во 1914 година кога добиле сертификат класа А од Кралската опсерваторија, а истиот се однесувал на беспрекорната прецизност на механизмот. Се смета дека оваа компанија била една од пионерите во актуелизирање на рачните часовници и тоа во време кога истите ги носеле само жени, како дополнителен накит, додека мажите исклучиво носеле џебни часовници.

    Голем пресврт во функционирањето на компанијата е избивањето на првата светска војна, која во прв момент рапидно ја зголемила побарувачката за часовници, додека владините одлуки за зголемување на даноците(зголемени даноци за увоз на луксузни добра, како и високи извозни давачки за злато и сребро) за покривање на се поголемите потребни средства за војната го натерале Вилсдорф да го премести седиштето на компанијата во Швајцарија, која уште тогаш важела за даночна оаза. Во 1920 години компаијата го добива конечниот назив Rolex S.A.

    За да навлеземе во бизнис моделот и успешноста на Rolex, треба да го знаеме основниот податок преку кој се остварува опстанокот на брендот. Rolex е регистриран како добротворна организица.

    Во 1944 година, после смртта на неговата сопруга, Ханс Вилсдорф ја формирал Hans Wilsdorf Fondation, која е мнозински сопственик на Rolex S.A.  Согласно регулативата во Швајцарија, ваквиот тип на оргнизации не се обрзани да ги објавуваат своите добротворни активности, а донациите се чуваат во тајност, а исто така за ваквите организации следат и огромни даночни олеснувања.

    Визијата на Вилсдорф за ваквата поставеност на сопственоста била да може да се одржи функционирањето на компанијата, со оглед на тоа што немал свои деца и немал на кого да ги пренесе акциите. Со оглед на тоа што нема сопственици кои ќе бараат профити, вработените во Rolex, се едни од најплатените во индустријата, додека компанијата има можност вкупниот профит да го реинвестира во иновации и истражување и развој. Токму затоа потребното време за изработка на еден часовник е 1 година и целосната обработка е рачна, а за споредба потребни се само 15 дена за склопување на автомобил.

    Цената или поточно кажано вредноста на Rolex часовниците е димензија која е детерминирана најчесто од личноста која била амбасадор/промотер на часовникот, а истото е во рамки на воспоставената маркетинг стратегија на Вилсдорф пред 100 години.

    Редовните цени по кои се продаваат Rolex часовниците се прикажани во горната табела и истите ја претставуваат сегашната вредност на часовникот, додека колекционерската вредност е сосема поразлична големина. Имено, најскапиот продаден часовник од брендот ROLEX е моделот Paul Newman’s Rolex Daytona Ref. 6239, кој во 2017 година на аукција организирана од Philips Auction House беше продаден за неверојатни 17.8 милиони долари.

    Согласно естимацијата направена од Forbes, вредноста на компанијата изнесува 9.5 милијарди долари, а тоа е доволно да биде позиционирана на 80-то место во топ 100 ранкингот на највредните светски брендови.

    Од аспект на пазарна позиционираност и поединечен удел Rolex е неприкосновен лидер. Пазарното учество од 24.9% ја отсликува состојбата за самоодржливост, а исто така претставува значаен сегмент за потенцијалните инветитори.

    Извор на податоци: https://monochrome-watches.com

    Редакција Пари

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично