ПОВЕЌЕ

    Роберт Мундел, еден од креаторите на еврото, почина

    Време зa читање: < 1 минутa

    Економистот Роберт Мундел, познат како еден од архитектите на еврото, почина во Италија за време на велигденските празници во 89-та година, пренесуваат медиумите.

    Неговата смрт беше потврдена во вторникот од канцеларијата на градоначалникот во Монтериџиони, близу Сиена, Италија.

    Канадскиот научник, кој ја доби Нобеловата награда за економија во 1999 година за неговата пионерска работа во монетарната динамика и оптималните области на валутата.

    Истражувачката работа на Мундел се смета за теоретска основа за транснационално воведување на валути. Многумина го вклучија како еден од „татковците на еврото.“

    Роден во Канада на 24 октомври 1932 година, овој економист помина голем дел од својата академска кариера во САД. Неговите анализи на монетарната и фискалната политика сè уште имаат големо влијание врз економистите и политичарите во многу земји.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично