ПОВЕЌЕ

    „Reserved“, „Mohito“, „House“, „Cropp“, „Sinsay, Zara Home, Oysho…се само дел од новите брендови во Ист гејт мол

    Време зa читање: 2 минути

    Ексклузивниот лизинг агент „Cushman&Wakefield/FortonMKA“ заедно со тимот на Ист гејт мол во изминативе три години, работеа на креирање различен микс на брендови кој ќе ги задоволи потребите на потрошувачите. Резултатите се дестинација која во своето портфолио брои над 220 продавници и 350 брендови.

    Светски познатиот моден магнат, групацијата Индитекс претставува синоним за квалитетно шопинг искуство, а своето „деби“ на македонскиот пазар ќе го имаат „Zara Home“ и „Oysho“ како дел од разновидното портфолио на Ист гејт мол. Трговскиот центар има 220 продавници, а 40% од нив се нови брендови кои за прв пат влегуваат во Македонија со што го позиционираат Ист гејт мол како водечки центар во кој ќе има нешто ново и поразлично.

    Групацијата Индитекс потпиша договор за закуп на малопродажна површина од 8.600 м2 за своите седум брендови како „ZARA“, „ZARA HOME“, „ОYSHO“, „Мassimo Dutti“, „Bershka“, „Pull and Bear“ и „Stradivarius“. Сите трговски марки ќе се претстават со своето целосно продуктно портфолио, а познатиот бренд „Zara“, ќе се простира на речиси 4,600 м2 со што ја прави најголемата продавница на „Zara“ во целиот балкански регион.

    Уште едно освежување за посетителите претставува и полската модна групација ЛПП која во Ист гејт мол ќе отвори пет продавници на површина од 6.500 м2 и тоа „RESERVED“, „MOHITO“, „HOUSE“, „CROPP“, „SINSAY”. Секоја од овие продавници ќе понуди разноликост, но и уникатни модни парчиња за сечиј вкус. Групацијата ЛПП е една од најбрзо растечките модни синџири во источна и централна Европа, а со своите интересни и невообичаени концепти во Ист гејт мол ги носи светските трендови од модниот сегмент за жени, мажи и деца.

    Модниот сегмент во Ист гејт мол ќе се простира на повеќе од 50%, со што го позиционира трговскиот центар како омилена дестинација за оние кои што сакаат поинакво шопинг искуствo.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично