ПОВЕЌЕ

    „Реплек“: Фармација со солидна продажба и приходи повисоки за 24 проценти

    Време зa читање: 3 минути

    Зголемената продажба и на домашниот и на странските пазари му обезбеди на „Реплек“ раст на приходите во сегментот фармација. Во третото тримесечје се повисоки за 30,9 проценти споредено со истиот лански период. Со тоа, во деветте месеци од годинава вкупните приливи се поголеми за 24,3 насто и го надминуваат нивото од 21 милион евра.

    Позитивниот тренд и постигнувањето резултати се регистрирани во сите квартали од почетокот на 2024. Притоа, забележливи се движењата на домашниот пазар, каде што има зголемување од 68 проценти. На странските пазари, терен на кој „Реплек“ има солидни позиции, продажбата и натаму расте – за 20,7 насто повеќе од лани.

    Во изминатите девет месеци, кумулативно, на домашниот пазар се реализирани близу 5,3 милиони евра, што е за 54,8 насто повеќе од минатата година, а на странските пазари над 16 милиони евра, а тоа е раст од 17 проценти.

    Најголем исчекор од 140 проценти е направен кај продажбата во земјите од Југоисточчна Азија. Во ЗНД има напредок од 21, а во Африка и на Блискиот Исток од 23 проценти.

     

    „Задоволни сме од остварените резултати во овој период на годината, кои ги надминаа и нашите првични очекувања предвидени со годишниот план за продажба. Ваквиот позитивен тренд е резултат на големата посветеност и енергија што ја вложува целокупниот тим на Реплек во реализација на нашата компаниска развојна стратегија која се темели на инвестиции и модернизација, градење на силно портфолио на производи и јакнење на пазарните позиции, како и унапредување на задоволството на вработените. Уверен сум дека позитивните резултати кои ги бележиме во континуитет во изминатиот период ќе ни влеат дополнителна енергија и мотив за реализација на нашата визија за развој на Реплек како современа, динамична  компанија која со своите континуирани успеси и понатаму ќе дава значителни придонес за развојот на македонската економија, истовремено креирајќи дополнителна вредност за  вработените, акционерите и за сите наши партнери“, вели главниот и извршен директор на Реплек АД, Душан Пецовски.

    Овие нагорни движења кај приходите од продажбата, посочуваат од „Реплек“, ја прават повеќе од извесна реализацијата на предвидувањата за очекуваните годишни ефекти, кои според годинешниот финансиски план би тебало да достигнат околу 31 милион евра. Или за 23 проценти повеќе од претходната година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично