ПОВЕЌЕ

    Реплек АД Скопје: Приходите од продажба на домашен пазар имаат зголемување од 25% во однос на истиот период минатата година

    Време зa читање: 2 минути

    Реплек АД Скопје оствари позитивни консолидирани и неконсолидирани финансиски резултати во периодот 01.01-30.09.2019 година.

    1. Неконсолидиран финансиски резултат
    Реплек АД Скопје во периодот од 1 јануари 2019 година до 30 септември 2019 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од МКД 83.785 илјади.
    Приходите од продажба на домашен пазар имаат зголемување од 25% во однос на истиот период минатата година. Остварената добивка пред оданочување во најголем
    дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од МКД 83.214 илјади, од остварениот резултат во 2018 година.

    2. Консолидиран финансиски резултат
    Консолидираната оперативна добивка за периодот од 1 јануари 2019 година до 30 септември 2019 година на Реплек АД Скопје изнесува МКД 94.373 илјади. Оперативните приходи изнесуваат 761.525 илјади денари и се зголемени за 5%, а оперативните расходи изнесуваат 672.867 илјади денари и бележат зголемување за 7% во однос на истиот период претходната година. Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 57% во вкупните приходи од продажба (2018: 58%) и имаат зголемување од 2% во однос на истиот период минатата година. Приходите од продажба на домашен пазар имаат учество од 43% во вкупните приходи од продажба (2018: 42%) и имаат зголемување од 7% во однос на истиот период минатата година. Консолидираната добивка пред оданочување изнесува МКД 93.554 илјади. Реплек АД Скопје во текот на 2019 година има исплатено дивиденди и даноци за исплатените дивиденди во вкупен износ од МКД 121.915 илјади денари, односно исплата на дивиденда во нето износ од 3.998 денари по акција.

    Реплек АД Скопје до 30 септември 2019 година има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од МКД 83.214 илјади. Реализираниот промет на групациско ниво нема значајни отстапувања во однос на планираниот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично