РЕКОА ЗА ПАРИТЕ… ЕДНА МУДРА ИЗРЕКА ЗА ПАРИТЕ СЕКОЈА НЕДЕЛА
„НИКОГАШ НЕ ТРОШИ ПАРИ ПРЕД ДА ЗАРАБОТИШ!“ – Томас Џеферсон
Томас Џеферсон (Thomas Jefferson), (13 април 1743 – 4 јули 1826) бил третиот претседател на САД (1801-1809), главниот автор на Декларацијата за независност (1776) и еден од највлијателните „татковци“ на САД и поборник за идеалите на републиканството. Главни случувања за време на неговиот мандат се купувањето на Луизијана од Франција (1803) и експедицијата на Луис и Кларк (1804-1806). Џеферсон, исто така, бил политичар, филозоф и претставник на просветителството.
Џеферсон имал енциклопедиско познавање на историјата и науката и покажал особени успеси како државник, хортикултурист, архитект, археолог, палеонтолог, автор, пронаоѓач и основач на Универзитетот на Вирџинија. Во 1962 година претседателот Џон Кенеди пречекал 49 нобеловци во Белата Куќа и во таа прилика рекол: „Мислам дека ова е најневеројатната грутка на талент и знаење што се има собрано во Белата Куќа, можеби со исклучок на случаевите кога Џеферсон јадел сам тука“.
Повеќе МУДРИ ИЗРЕКИ слични на оваа изрека за парите можете да најдете во категоријата ЕСПРЕСО.