ПОВЕЌЕ

    Регистриран голем пад на светската трговија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Светската трговска организација (СТО) објави дека трговијата со стоки во вториот квартал од оваа година претрпела значителен пад, како последица на пандемијата предизвикана од Ковид-19.

    Во извештајот „Барометар на трговска размена“, СТО пишува  дека во вториот квартал има пад на светската трговија од 14 проценти во однос на претходниот квартал, а 18,5 проценти во однос на истиот квартал минатата година, пренесува „Анадолија“.

    Во извештајот на СТО, исто така, се вели дека голема е неизвесноста дали трговските трендови ќе се подобрат во третиот квартал од оваа година.

    Експертите предупредуваат дека падот на трговијата би можел да биде придружен со крива на дијаграмот што потсетува на латиничната буквата „L“, наместо вообичаената крива „V“, што покажува пад, но и повторен тренд на раст.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично