ПОВЕЌЕ

    Развој на софтвер и лабараториска дијагностика и носат на Струмица до три пати поголема плата од просечната

    Време зa читање: 4 минути

    Во време на глобални надолни поместувања во скоро секое поле од националните економии и предизвиците со кои сè уште се соочува реалниот сектор, од круцијално значење беше да се има здрава компаниска основа, како и делување во сектори кои може да бидат катализатори на иден глобален раст. Во Струмица изгледа на време неколку компании ги увиделе потенцијалите и соодветно одговориле на предизвиците, притоа исплаќајќи плати за вработените кои се 2 или 3 пати поголеми од просекот на државата. Но пред да стигнеме до нив, со помош на податоците од БизнисМрежа.мк, ќе ги анализираме клучните финансиски показатели на ТОП 10 компании што исплаќаат највисоки плати во Струмица.

    НазивПриходи 2020Приходи 2019 Раст %
    ГИГАВОИС1.249.850 1.101.945 13,42%
    ЖАН МИТРЕВ ДИЈАГНОСТИК464.677 531.932 -12,64%
    ОГРАЖДЕН АД2.618.817 2.512.266 4,24%
    МАКС11.313.987 11.768.003 -3,86%
    СИМ ИНЖЕНЕРИНГ10.286.508 6.076.445 69,28%
    МЕТАЛОПРОМЕТ14.476.572 13.520.345 7,07%
    РАЗНОПРОМЕТ1.909.880 1.659.283 15,10%
    ЖИКОЛ20.684.420 23.274.670 -11,13%
    Г.С.ТЕКСТИЛ9.707.758 8.767.556 10,72%
    ПОРТЛАНД-ОПЦ3.027.088 2.050.174 47,65%

    Износите се прикажани во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    Далеку напред пред своите конкуренти се две компании: Жикол и Металопромет. Овие две компании имаат најголем остварен приход за изминатата година, со тоа што градежната компанија Жикол има вкупни приходи од дејноста во износ од над 20 милиони ЕУР, иако притоа таквиот резултат е за 11.1% полош во споредба со 2019 година. Ваквите флуктуации може да бидат последица на долгите проекти кои ги работи компанијата(изградба на згради и патишта) каде во основа приходите се генерираат при завршување на проектот. Од друга страна, приходите на Металопромет пораснале за 7%, при што достигнато е ниво од 14.4 милиони ЕУР. Најпозитивен пример во ова елитно друштво има компанијата Сим Инженеринг со пораст на приходи од скоро 70% , а исто така оваа компанија го има и најголемиот апсолутен пораст на приходи од над 4 милиони ЕУР. Сим Инженеринг заедно со Жикол се градежните џинови од Струмица и заедно го носат најголемиот дел од приходите на овие 10 компании. Тука мора да се напомене дека покрај Жикол, има уште две компании кои евидентирале пад на приходи, а тоа се Макс и Жан Митрев Дијагностик. Од аспект на вкупни приходи на топ 10 компаниите се истакнува фактот што оваа група генерирала пораст од над 4 милиони ЕУР за време на светска пандемија.

    Од аспект пак на остварената добивка бројките и не се така импресивни. Единствено две компании оствариле добивки над 1 милион ЕУР (Жикол и Сим Инженеринг), додека кај останатите компании бројките се поскромни. Во оваа група 2 компании кои евидентирале понизок финансиски резултат во споредба со 2019 година. Тука се вбројуваат Огражден АД со пад на добивка од 27% и Макс со 22% полош резултат. Повеќе од трикратно зголемување, или пораст од 364%, кај вкупна добивка остварила компанијата Портланд-ОПЦ.

    НазивДобивка 2020Добивка 2019 Раст %
    ГИГАВОИС39.105 33.104 18,13%
    ЖАН МИТРЕВ ДИЈАГНОСТИК13.715 7.454 83,99%
    ОГРАЖДЕН АД4.367 5.985 -27,05%
    МАКС917.885 1.177.612 -22,06%
    СИМ ИНЖЕНЕРИНГ2.679.553 2.214.485 21,00%
    МЕТАЛОПРОМЕТ254.529 190.011 33,96%
    РАЗНОПРОМЕТ161.548 137.919 17,13%
    ЖИКОЛ2.669.389 1.765.087 51,23%
    Г.С.ТЕКСТИЛ529.696 335.052 58,09%
    ПОРТЛАНД-ОПЦ316.258 68.040 364,81%

    Износите се прикажани во евра | Извор на податоци: БизнисМрежа.Мк

    На крај мора да им се честита на две компании кои навистина успеале да разработат бизнис модел каде вработените ќе бидат движечка сила, а за истото адекватно ќе бидат компензирани. Компанијата за изработка на софтвер Гигавоис, која има и свое претставништво и во Скопје, има просечна нето плата од 94.653 денари, што претставува еден од насветлите примери во досегашните анализи по одделни градови. Зад неа, со “поскромни” но сепак на високо ниво плати за вработени е Жан Митрев Дијагностик со просечна плата од 51. 774 денари. Останатите компании се далеку позади, но сепак и кај нив просечната плата не е помала од 26.000 денари. За овие две компании мора да се напомене дека вработуваат релативно мал број на луѓе и не се од масовен карактер.

    НазивПросечна плата по вработен 2020Вработени 2020Вработени 2019Раст %
    ГИГАВОИС94.653 МКД34319,68%
    ЖАН МИТРЕВ ДИЈАГНОСТИК94.653 МКД1820-10,00%
    ОГРАЖДЕН АД47.094 МКД4143-4,65%
    МАКС29.321 МКД159160-0,63%
    СИМ ИНЖЕНЕРИНГ28.923 МКД402842,86%
    МЕТАЛОПРОМЕТ28.415 МКД60583,45%
    РАЗНОПРОМЕТ28.046 МКД27258,00%
    ЖИКОЛ27.185 МКД435457-4,81%
    Г.С.ТЕКСТИЛ26.425 МКД43422,38%
    ПОРТЛАНД-ОПЦ26.298 МКД775637,50%

    Најголем работодавец од оваа група топ 10 се издвојува Жикол со 435 вработени и заедно со Макс се единствените компании кои имаат значително долги платни списоци. Како што и предходно спомнавме, така и по основ на број на вработени компанијата Сим Инженеринг поставува нови стандарди, зголемувајќи го бројот на вработени за 42%.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично