ПОВЕЌЕ

    Растот на приходите силна страна на битолски СН Осигурителен Брокер  

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемени приходи и расходи, намалена добивка е билансот од деветмесечното работење на СН Осигурителен Брокер АД Битола. Тоа го покажува споредбата на податоците – сегашни со оние од истиот минатогодишен период.

    Показателот за успешноста, односно добивката е во нето-износ од 34.368 илјади денари или 557,5 илјади евра. Лани била забележана сума од  650,5 илјади евра (40.102 илјади денари).

    За 700 илјади евра оперативни приходи се повисоки од споредбениот период. Во трите квартали се евидентирани приливи од 236.950 илјади денари/3,8 милиони евра (лани 192.037 илјади денари/3,1 милион евра).

    Само од продажбата на услугите од основната дејност инкасирани се 3,3 милиони евра (207.094 илјади денари). Што е половина милион евра повеќе од трите лански тимесечја – 176.275 илјади денари/2,8 милиони евра.

    Трендот на раст е присутен и кај оперативните расходи. Актуелната сума е 175.220 илјади денари или 2,8 милиони евра, наспроти минатогодишните 137.265 илјади денари, односно 2,2 милиони евра.

    Оттаму, оперативната добивка е повисока од еден милион евра (лани 888,5 илјади евра).

    Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари-септември 2023 година изнесуваат 162.731 илјада денари, односно 2,6 милиони евра, најголемиот дел – 2,1 милион евра се вложени во нов деловен објект.

    Компанијата има и кредитни оврски од 15,3 милиони евра.

    Главната дејност на битолскиот СН Осигурителен Брокер се проценка на ризик, посредување во договарање на осигурително и реосигурително покритие, проценка и посредување во оштетни побарувања и нивен откуп, советување.

    Според бизнис-планот, за годинава е зацртан раст од по 15 насто и кај продажбите и кај профитот пред оданочување.

    Компанијата опстојува девет години и има разгрането мрежа од 43 подружници низ државата. Има покритие од одговорност од дејност на 2,5 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично