ПОВЕЌЕ

    Растот на депозитите и кредитите за 45 проценти ги зголеми вложувањата на Стопанска банка Скопје во хартии од вредност

    Време зa читање: 2 минути

    Најстарата македонска банка со позитивен резултат ја заокружи изминатата година. Добивката ја прикажуваат на три нивоа: пред оданочување и исправка на вредност изнесува 86,4 милиони евра, пред оданочување – 67,3 милиони евра и по тие две операции останува чистиот профит од 57,6 милиони евра. Зголемен за 2,19 проценти во однос на претходната 2023 година.

    Од заработеното, Стопанска банка Скопје издвоила 19,1 милион евра, кои освен за исправка за нефункционалните побарувања, се наменети и за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења.

    На домашниот банкарски терен, скопската Стопанска банка е најсилна во доменот на кредитирањето, а оттаму бележи и највисоки приливи по основа на каматите.

    Оваа банка има дадено вкупна кредитна поддршка од над 1,6 милијарди евра. И речиси целиот износ (со исклучок на 6,6 милиони евра кои се побарувања од банки) е пласиран кај граѓаните и компаниите. Растот е седумпроцентен, односно во текот на 2024 биле одобрени и исплатени 106,78 милиони евра.

    Во таа насока, каматите, меѓу кои носечки се оние од кредитната октивност, на Банката и донеле 112,9 милиони евра. За 11,94 проценти повеќе отколку во 2023. Нето-приходите од камати, пак, изнесуваат 100,35 милиони евра и се зголемени за осум проценти.

    На приходната страна значаен е придонесот од 14 милиони евра од провизии и надоместоци, каде што има раст од шест проценти. Нето-приходите од курсни разлики се повисоки за 23 насто и изнесуваат 2,9 милиони евра. А, кај останатите приходи од дејноста се запишани осум милиони евра.

    Трошоците се поголеми за 11 проценти. Останатите расходи од дејноста изнесуваат 17,3 милиони евра, а за вработени биле издвоени 18,9 милиони евра.

    Стопанска банка Скопје располага и со солидна депозитна база од 1,76 милијарди евра.

    Растот, пак, забележан и кај депозитите и кај кредите, стимулативно делувал врз вложувањата во хартии од вредност. Ефектот е 269,68 милиони евра со раст од 45 насто.

    Вкупната актива на Стопанска банка Скопје е во износ од 2,3 милијарди евра. За една година зајакнала за дополнителни десет проценти.

    КОЈ УМЕЕ СО ПАРИТЕ, ИМА И ЌАР: Комерцијална банка со добивка од 80 милиони евра

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично