ПОВЕЌЕ

    „Раде Кончар – Апаратна техника“ ќе дели дивиденда од 130 денари за акција

    Време зa читање: < 1 минутa

    За успешно одработената 2024 година, меѓу акционерите на „Раде Кончар – Апаратна техника“ ќе се распореди вкупниот износ одреден за исплата на дивиденда од 26.809.900 денари, односно 436 илјади евра. Предлогот е една акција да носи бруто 130 денари. Одлуките ќе добијат потврда на акционерското собрание закажано за 30 мај.

    Дивиденда ќе им биде исплатена на сите акционери чии имиња на 16 јуни ќе бидат во акционерската книга. Според дивидендниот календар, последниот ден за тргување со право на дивиденда ќе биде 12 јуни. Исплатата ќе се реализира во законскиот термин – најдоцна до 30 септември.

    Вкупниот износ предвиден за акционерите се издвојува од нето-добивката од 33.704.702 денари или 548 илјади евра, остварена во текот на минатата година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично