ПОВЕЌЕ

    Работилница за современ танц во Музеј на град Скопје

    Време зa читање: 3 минути

    Во Музејот на град Скопје се одржа работилница за деца „Танцуваме во Халки ритам“, втора од шесте тематски работилници за развој на детската креативноста, кои се рeализираат летово под слоганот „Халки шарено лето“. Ментор на работилницата беше Бобан Русески, современ танчер и кореограф, а учествуваа деца на возраст од 5 до 8 години. Тие се запознаа со основните елементи на современиот танц, учеа за движењата, но и за правилно држање на телото. Уметноста на танцувањето треба да се всади од најмала возраст, а љубопитните дечиња уште еднаш нѝ потврдија дека сакаат да учат и да ги истражуваат различните гранка од уметноста. Музејот на град Скопје се претвори во една голема сцена на која на крај заиграа и родителите.

    „Децата имаа можност одблиску да се запознаат со танцот и да дознаат што е танчар, а што кореограф. Разработувавме неколку  ритмички, фацијални, танчерски и партнерски вежби преку нивната имагинација и замисла. Во овој креативен час се доближија до неколку танчерски стилови и се надевам дека успеав кај нив да вродам желби за развивање во делот на танцот. Чест и задоволство ми беше да ги видам насмевките, енергијата и заинтересираноста за танцот кај дечињата од Халки шарено лето и се надевам дека ќе имаме можност повторно да се дружиме“, вели менторот Русески.

    Поддржувач и организатор на настанот е Халкбанк АД Скопје, која се погрижи и летово најмладите да добијат можност да учествуваат на интересни активности кои ќе придонесат за развој на нивните креативни вештини и знаења. За создавање образована публика за културни настани, потребна е стратегија и имплементација на која ќе се работи секојдневно. Халкбанк АД Скопје со поддршка на ваквите активности покажуваат посветеност и одговорност во овој исклучително значаен процес за децата.

    Работилниците „Халки шарено лето“ ќе продолжат во текот на август, а како и досега ќе се реализираат во попладневните часови. Сите работилници ќе се објавуваат на официјалната Фејсбук страница на Халки детско штедење, каде што родителите можат да ги пријават своите деца за учество, бидејќи бројот на учесници на сите работилници е ограничен. На крај од циклусот работилници ќе бидат презентирани сите создадени дела од патувањето наречено „Халки шарено лето“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично