ПОВЕЌЕ

    Првиот твит на Џек Дорси се продаде за 2,9 милиони долари

    Време зa читање: < 1 минутa

    Џек Дорси, ко-основачот на Твитер, го продаде својот прв твит во понеделникот во форма на незаменлив токен (NFT) за нешто повеќе од 2,9 милиони долари.

    NFT се нови дигитални белези слични на крипто-валутите, кои претставуваат уникатно дигитално средство чија популарност експлодираше во 2021 година.

    Секој NFT, кој се базира на блокчејн технологија, има свој дигитален потпис што служи како јавна книга, овозможувајќи им на корисниците да ја потврдат автентичноста и сопственоста на имотот.

    NFT беше продаден на аукцијата на платформата Valuables, која е во сопственост на американската компанија Cent.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично