Просечната плата исплатена во ноември е 41.999 денари. Тоа е нето, додека бруто-износот е 63.154 денари.
Годишниот индекс кој ги бележи движењата од ноември 2023 до ноември 2024 изнесува 109.5, што претставува раст од 9,5 проценти..
Според Државниот завод за статистика, нагорната промена е заснована најмногу врз зглемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во три сектори. Во тој контекст се посочуваат уметност, забава и рекреација, каде е регистриран раст од 15,3%, транспорт и складирање со 12,7% и преработувачката индустрија со 11,2%.
Сепак, во одредени сектори има и месечно осипување на просекот. Во рударство и вадење на камен исплатената просечна плата е пониска за 8,0%, во дејности во врска со недвижен имот за 5,9 %) и во земјоделство, шумарство и рибарство за 2,6%.
Највисокиот просек го има во секторот информации и комуникации, каде што во ноември се исплатени 77.475 денари. Со просечни 30.348 дена најслаби се вработените во објекти за сместување и сервисни дејности со храна.