ПОВЕЌЕ

    Промени во Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво

    Време зa читање: 2 минути

    Со решението на Централниот Регистар на РСМ од 10.08.2022 година извршени се следниве промени: извршен е упис на Душица Стевчевска-Србиноска за нов независен член на Надзорниот одбор и упис на реизборот на Аленка Жнидаршич Крањц, Јанез Крањц и Антиа Бислимовска за членови на Надзорниот одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје. Воедно, на независниот член на Надзорниот одбор на Друштвото – Марко Андонов му престана мандатот заклучно со 3.08.2022 година, и соодветно на тоа извршено е негово бришење од централниот регистар на РСМ, се вели во Известувањето за промена во Надзорниот Одбор на КБ Прво Пензиско друштво АД Скопје, потпишано од генералната директорка Весна Стојановска.

    Уписот на промените е извршен врз основа на Записник од Собрание на акционери – Нотарски акт ОДУ 356/22 од 30.03.2022 год, од нотар Сашо Клисароски од Скопје, Решение на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување бр.14-632/4 од 31.05.2022 год, за одобрување на изборот на независен член на Надзорниот Одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје и Решение на Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување бр.14-629/4 од 31.05.2022 год. за одобрување на реизборот на членови на Надзорниот Одбор на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, стои понатаму во Известувањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично